Татко од Ниш си ја силувал ќерката, жртвата родила дете

Од:

Вишото јавно обвинителство Ниш вчера му одреди притвор на Б.М. поради сомневање дека од октомври 2020 година до февруари 2022 година во два наврати ја силувал ќерка си во неговиот стан во Ниш, при што таа останала бремена и родила девојче.

Во изјавата во полиција, оштетената изјавила дека во октомври 2020 година од згрижувачкото семејство се преселила кај нејзиниот татко во Ниш, при што истиот ден по нејзиното пристигнување ја принудил на сексуален однос, а истото го сторил и во февруари 2022 година.

Силувањето го пријавила подоцна кога била во посета на мајка си, која ја однела во болницата во Сремска Митровица на лекарски преглед, каде било констатирано дека е бремена и подоцна родила девојче кое врз основа на ДНК анализа e утврдено дека татко на бебето е всушност сега осомничениот.

Би можело да ве интересира

Експлозија во воената фабрика „слобода“ во Чачак, двајца повредени

На фарма во Србија е пронајдена шпионска опрема и опасни материи

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

Србија е поразенa од Шпанија со 3:0

Нов земјотрес во Србија

Горан Наумовски

Србија: Курти шири дезинформации