Се преврте автобус полн со патници кај Кикинда

Од:

Автобусот на ЈП „Аутопревоз“ од Кикинда, со 16 патници, утринава, околу 6.30 часот, се превртел во атар на селото Иѓош.

Како што дознава „Новости“, пет патници се префрлени на преглед во Општата болница во Кикинда и никој од нив не е во животна опасност, а нивната состојба не укажува на сериозни физички повреди. Сепак, заради прецизна дијагностика, сите ќе бидат подложени на рендген снимка, велат од Општата болница.

„Меѓу патниците во автобусот имало и докторка која работи во клиниката во Иѓош, па таа веднаш реагирала на лице место и видела во каква состојба се некои од патниците“, вели изворот на „Новости“.

Автобусот сообраќал на редовната линија Кикинда-Падеј кога во атар на село Иѓош поради непознати околности излетал од патот и се превртел на страна, потврдија во Полициската управа во Кикинда.

Би можело да ве интересира

Експлозија во воената фабрика „слобода“ во Чачак, двајца повредени

На фарма во Србија е пронајдена шпионска опрема и опасни материи

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

Србија е поразенa од Шпанија со 3:0

Нов земјотрес во Србија

Горан Наумовски

Србија: Курти шири дезинформации