Вчера во Скопје полицијата казни 247 возачи, 84 за брзо возење

Од:

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (9.3.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 247 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 84 санкции, 17 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за некористење сигурносен појас, шест мерки за возење под дејство на алкохол, осум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за недавање првенство на минување на пешаци, три санкции за непрописно престигнување и обиколување…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Би можело да ве интересира

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

125 санкционирани возачи во Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он