Вучиќ: Не можам да се заколнам дека нема во иднина нема да воведе санкции против Русија

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ во опширно интервју за ТВ Хепи изјави дека не може да вети дека во иднина нема да воведе санкции против Русија.

– Не можам да се заколнам дека нема да го направиме тоа, а не можам да ветам бидејќи тоа би било неодговорно, но нашиот став е толку цврст што досега не сме морале да го направиме тоа – изјави Вучиќ.

Српскиот лидер нагласи дека неговата земја многу брзо го дефинирала својот став за војната во Украина преку сопствениот Совет за безбедност.

– Не воведуваме санкции против Руската Федерација, а заклучокот го напишав во Советот за безбедност на Србија, се консултиравме (меѓусебно) за секој збор, но јас ги напишав. Го следевме секој збор и ја дефиниравме политиката на Србија, за што понекогаш плаќаме цена -додаде тој.

Во своето обраќање до нацијата веднаш по започнувањето на руската специјална воена операција во Украина, Вучиќ најави дека Србија нема да воведува санкции кон Русија, иако го поддржува територијалниот интегритет на Украина.

Тогаш тој најави и дека неговата земја привремено ќе ги прекине сите воени и полициски вежби со странски партнери.

Тој посочи дека Србија ги гледа Русија и Украина како братски народи, жали за настаните во Источна Европа и е подготвена да обезбеди хуманитарна помош за Киев.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Трамп обезбеди прекин на огнот во Газа уште пред да ја преземе функцијата

Вучиќ: Се подготвува голема реконструкција на Владата на Србија

Горан Наумовски

Брнабиќ ќе поднесе потписи за референдум за доверба на претседателот Вучиќ

(ВИДЕО) Поддршка за Александар Вучиќ во Скопје

Горан Наумовски

Вучиќ: Уште една лоша вест, не можеме да очекуваме повеќе гас од Азербејџан

Горан Наумовски

Вучиќ: Странски служби го бараа убиецот од „Рибникар“

Горан Наумовски