Албанија, заедно со Сирија и Египет во Резолуција на Европарламентот за нарушување на слободата на христијаните

Од:

Европската народна партија (ЕПП), која е најбројна група во Европскиот парламент, денеска во Брисел усвои Резолуција со која ги осуди Албанија, Сирија и Египет за нарушување на слободата на вера и обожување, јавува дописникот на МИА од Брисел.

На Собранието на ЕПП на кое во име на ВМРО-ДПМНЕ (членка) присуствува и пратеникот Владимир Ѓорчев, оваа демохристијанска партија го стави нашиот западен сосед во ист кош со Сирија и Египет, поради, како што е наведено во Резолуцијата – “инцидентите со екстремистичко насилство кон христијанските цркви, како места на поклонение”.

Во денеска усвоената Резолуција на ЕПП во Европскиот парламент, се бара целосно почитување на слободата на вера, религија и верување како фундаментално и универзално човеково право и есенцијален дел од демократијата, што се наведува дека е “предуслов во аспирацијата за интеграција во Европската унија”.

– Ги осудуваме сите акти на насилство, при што цел се религиозните малцинства и заедници во земјите како Сирија, Египет и Албанија. Силно ги осудуваме екстремистичките акти против православните христијани во Премети (Албанија), нејзините свештеници и имот, како акт на екстремизам против христијанството на европската почва – се наведува во заклучокот на Европската народна партија.

Во оваа Резолуција, исто така се бара од властите во Албанија, Сирија и Египет да ги одвратат сите дискриминаторски акти кон религиозните групии да обезбедат еднакво достоинство за сите граѓани на овие три земји.

А, на крајот, ЕПП повикува на почитување и адекватна заштита на сите имоти што се во сопственост на религиозните заедници, како што се црквите, добротворните установи и верските училишта.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он