Два мали авиони се судрија за време на лет над Флорида, четири лица загинаа. Авионите се судрија вчера околу 14 часот и се урнаа во езерото Хартриџ во Винтер Хевен. Службите за итни случаи и спасувачите веднаш дошле на местото на настанот и пронашле еден авион на околу 6 метри под површината на езерото, додека другиот бил делумно потопен.
„Се судрија во воздух и двата авиони веднаш паднаа во вода. Спасувачите ги извлекоа телата на четири лица кои беа во авионите“, рекол Стив Лестер од канцеларијата на шерифот на округот Полк, како што пренесува NBC News.
Полицијата ги објави идентитетите на три од четирите жртви: Фејт Ајрин Бејкер (24), Захари Џин Мејс (19) и Рандал Елберт Крафорд (67). Идентитетот на четвртото лице кое починало се утврдува.