Нови разузнавачки податоци: Северен тек го разнела проукраинска група

Од:

Нови разузнавачки информации добиени од американски официјални лица покажуваат дека проукраинска група извршила напад врз гасоводите „Северен тек“ минатата година, чекор кон утврдување одговорност за чинот на саботажа што со месеци ги збунува истражителите од двете страни на Атлантикот пишува Њујорк Тајмс.

Американските власти рекоа дека немаат докази дека украинскиот претседател Володимир Зеленски или неговите високи функционери биле вклучени во операцијата, ниту дека сторителите дејствувале по инструкции на кој било функционер на украинската влада.

Нападот на гасоводите што ја поврзуваат Русија со Западна Европа ги поттикна шпекулациите во јавноста за тоа кој е виновен, од Москва и Киев до Лондон и Вашингтон, и останува една од најголемите нерешени мистерии на војната во Украина.

Украина со години се спротивставува на проектот, нарекувајќи го закана за националната безбедност, бидејќи на Русија ќе и биде полесно да и продава гас на Европа. Претставници на украинската влада и воено разузнавање велат дека немале никаква улога во нападот и не знаат кој го извршил.

Американските власти рекоа дека има многу што не знаеле за сторителите и нивните врски. Прегледот на новособраните разузнавачки информации сугерира дека сторителите се противници на рускиот претседател Владимир Путин, но не ги идентификува членовите на групата или кој ја платил и раководел операцијата.

Американските функционери одбија да откријат детали за разузнавањето и како дошле до нив. Тие рекоа дека нема цврсти заклучоци, оставајќи ја отворена можноста дека операцијата можеби била извршена тајно од група спроведувачи кои всушност работат за украинската влада или нејзините безбедносни служби.

Некои првични американски и европски шпекулации се фокусираа на можната руска вина, особено со оглед на нејзината моќ во подморските операции, иако не е јасно каква мотивација би имал Кремљ да ги саботира нафтоводите, имајќи предвид дека тие беа важен извор на приходи и средства за влијание на Москва.

Според една проценка, трошоците за поправка на гасоводот се околу 500 милиони долари. Американските власти велат дека не пронашле докази за вмешаност на руската влада во нападот.

Официјални лица кои ги прегледаа разузнавачките информации рекоа дека веруваат дека диверзантите најверојатно биле украински или руски државјани или комбинација од украински и руски државјани. Американските власти рекоа дека нема вмешани американски или британски државјани.

Северен тек беше уништен од експлозија во длабоко море во септември, што американските власти тогаш ја опишаа како чин на саботажа.

Европските официјални лица јавно кажаа дека веруваат дека операцијата насочена кон Северен тек била спонзорирана од државата, веројатно затоа што сторителите поставиле и активирале експлозив на дното на Балтичкото Море без да бидат откриени.

Американските власти не кажаа јавно дека веруваат дека операцијата била спонзорирана од државата.

Би можело да ве интересира

Зеленски: На повидок е крајот на војната

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

ВИДЕО: Каква е руската хиперсоничната ракета „Орешник“ и колку е опасна

ВИДЕО: Украина загуби над 40 отсто од територија во Курск, Русите напредуваат во Донецк

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ