Возрасен маж се претставувал како 15-годишник за да намами на средба малолетно девојче

Од:

Тетовската поиција поднесе крвична пријава против 28-годишник кој во текот на минатиот месец на една од социјалните мрежи претставувајќи се како 15-годишен се допишувал со малолетничка и се обидел да ја натера на средба.

– СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.М.(28) од тетовско село, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „намамување на обљуба или друго полово дејствие на малолетник кој не наполнил 14 години“ и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. На 08.01.2023 пријавениот, користејќи социјална мрежа, започнал комуникација со малолетничка, при што лажно се претставил дека има 15 години, а на 27.01.2023 побарал да се сретнат, информира Министерството за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

Индиции за убиство и самоубиство во случајот во Богданци

Катерина Ѓуровски

Две тела и опожарено возило кај Богданци

Катерина Ѓуровски

Шестгодишно дете тешко повредено откако било прегазено од камион во Скопје

Полицајка и раководител во Прифатниот центар за странци под истрага за тешка кражба и полово вознемирување

Катерина Ѓуровски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа