Санкции за 30 автобуси што вршат превоз на ученици, приведен малолетник

Од:

На територијата на државата вчера од 6 до 10 часот е спроведена акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, преглед на средношколци пред влегување во училишта, угостителски објекти и игри на среќа во непосредна близина на училиштата. При контролата, санкционирани се 30 возачи поради сторени сообраќајни прекршоци, од кои 12 за возење без возачка дозвола.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР), приведено е едно малолетно лице од Скопје по Закон за оружје член 80 став 3, кај кого при преглед бил пронајден електро шок.

-Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и на тој начин сите заеднички да придонесеме да се зголеми безбедноста на децата и на сите нас, се наведува во соопштението на МВР.

Би можело да ве интересира

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

125 санкционирани возачи во Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он