Земјотрес со јачина од 6 степени по Рихтер на Филипините

Од:

Земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди јужниот дел на Филипините, објави Американскиот геолошки институт (USGS), додека локалните власти го предупредија населението на можност од последователни потреси.

Плиток земјотрес е регистриран во седум часот наутро по средноевропско време на неколку километри од Марагусан во планинската провинција Давао де Оро, на островот Минданао, на југот од архипелагот.

Канцеларијата за катастрофи во Марагусан добила дојава за свлечиште на националниот автопат, без извештаи за други штети или жртви, но ќе ги посетат околните села за да ја проверат состојбата на терен. Земјотресите на Филипините се секојдневна појава. Земјата се наоѓа на Пацифичкиот огнен прстен, зона со висока сеизмичка и вулканска активност.

Би можело да ве интересира

Најмалку 81 лице загина во невремето Трами на Филипините

А1он

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод