Двојно убиство во Скопје – убиен познат криминален бос

Од:

Двојно убиство се случи вечерва во стара чаршија во Скопје, дознава А1он.

Според информациите на А1он убиството се случило пред околу половина час во близина на кафе барот „Шиша бар“

Како што за А1он тврдат очевидци, во близина на кафулето убиени се две лица, а според засега непотврдени информации се работело за лица добро познати на криминалното подземје.

За едниот од нив очевидци тврдат дека се работи за извесен криминален бос – Јетон викан Жила.

Од МВР  засега единствено потврдуваат дека имало пукање во скопската чаршија, но нема повеќе детали, односно повеќе информации најавуваат набрзо откако полицијата ќе направи првичен увид на местото.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“