Голема евакуација на населението во Лацен, град во посредна близина на Хановер во Германија. Неколку бомби од Втората светска војна беа деактивирани денеска поради што половина град мораше да биде евакуиран.
Околу 20.000 луѓе мораа да ги напуштат своите домови додека на терен работеа деминери.
Евакуацијата започна во 7 часот наутро, објавија германските медиуми.
Лацен е град во округот Хановер во Долна Саксонија. Сместено е јужно од Хановер и има околу 40.000 жители.