Жестоки судири меѓу полицијата и демонстрантите избија пред грчкиот парламент во Атина. Илјадници луѓе протестираат поради најголемата железничка несреќа во земјата, во која загинаа 57 лица, пренесува AFP.
The train disaster in Greece provoked protests by the thousands. About 10,000 people marched in downtown Athens. The police used tear gas and stun grenades. pic.twitter.com/lrRYSgI3TN
— Mikhail Kulakov (@mikkulakov) March 5, 2023
Некои демонстранти запалија корпи за отпадоци и фрлаа молотови коктели, додека полицијата одговори со солзавец и шок бомби.
Илјадници демонстранти се собраа во гнев по најголемата железничка катастрофа во земјата во која загинаа 57 лица, соопшти полицијата.
Околу 7.500 демонстранти излегоа на улиците по повиците на студентите, железничарите и вработените во јавниот сектор, додека железничките и метро услугите беа парализирани поради штрајкот.
Премиерот Киријакос Мицотакис во неделата побара прошка од семејствата на жртвите по катастрофата што предизвика широко распространето бес.
„Како премиер на сите им должам извинување, а од роднините на жртвите морам да побарам прошка“, напиша тој во пораката до нацијата.