Грција ги погребува загинатите, но не го знае бројот на исчезнатите

Од:

Пет дена по железничката несреќа во која загинаа 57 млади луѓе, секој ден е потажен од минатиот. Вчера низ Грција се слушаа црковни ѕвона, роднините ги погребуваа Јоргос, Ифигенија, Анастасија…

Роднините кои ја преживуваат нивната драма ги преземаат личните предмети пронајдени на местото на несреќата, додека други кои го немаат ни тоа, бидејќи нивните се водат како исчезнати, чиј број се уште не е познат, талкаат пред болница во Лариса со фотографии во рака, со надеж дека ќе дознаaт нешто.

Сè повеќе има прашања на кои јавноста бара одговори, се повеќе директни обвинувања дека не се работи за човечка грешка, туку за децениски пропусти на државата која, како што коментираат медиумите, заборавила на безбедноста на граѓаните. Расте гневот на луѓето кои им се придружуваат на студентите на протестните собири, тие носат црни балони и пароли со иронична порака: „Кажете ми кога ќе стигнете, да ве земам!“

Заврши тридневната жалост и дури сега треба да се очекува дека политичките партии ќе почнат со меѓусебни обвинувања, напади на власта, политизирање на страшната несреќа со цел да се освојат поени пред избори, за која во овој момент не се знае дали ќе бидат одложени за подоцна или премиерот Кирјакос Мицотакис, иако околностите не му одат добро, реши да ги објави за април.

Сослушувањето на педесет и деветгодишниот шеф на станицата Лариса, кој ја презеде функцијата на оваа важна железничка клучка пет дена пред трагедијата. Тој дојде на таа позиција по скратената обука, која, инаку, трае две години во други европски земји. Пред тоа, тој помина одредено време на други станици. Нему му се заканува тешка казна од 10 години до доживотен затвор, но деталите кои се појавија во јавноста уште повеќе ја отежнуваат неговата позиција.

Имено, локалните медиуми, повикувајќи се на надлежни извори, пренесуваат дека тој имал 17 минути да реагира и да спречи два воза од спротивниот правец да се сретнат на иста пруга. Шефот на втората станица речиси 20 минути пред трагедијата го известил дека товарниот воз се движи по истата пруга. Според тврдењата на сведоците, од канцеларијата на шефот на станицата во Лариса се слуша бучава и музика. Друг сведок пак тврди дека во моментот на трагедијата не бил ни на работното место бидејќи во близина има кафуле во кое луѓето се уште се забавувале. Што од сето ова е точно ќе се утврди со истрагата и прегледот на видео снимките од камерите.

Би можело да ве интересира

30.000 луѓе на улиците во Грција на годишнината од страшната железничка несреќа, избувна нереди

Сообраќајниот инспектор на Грчките железници е уапсен за несреќа кај Лариса

Горан Наумовски

Истрагата за судирот на возот во Грција покажа дека шефот на станицата не бил обучен за својата работа

Шефот на станицата во Лариса и 35 минути по несреќата не знаел за судирот на возот

ВИДЕО: Десетици илјади Грци на улиците поради железничката несреќа, фрлаа молотови коктели

Ана Ололовска

Шефот на станицата во Лариса останува во притвор

Горан Наумовски