(ВИДЕО) Драма на аеродром во Колумбија: Во куфер сокрил 23 килограми кокаин

Од:

Британец е уапсен додека се обидувал да се качи на лет од главниот град на Колумбија, Богота пред да продолжи за Лондон.

Локалните власти соопштија дека тој бил запрен и претресен откако неговото однесување станало сомнително за полицијата и за полициското куче Максимо.

Објавено е и видео на кое се гледа неименуван Британец во бела маица со ранец на грбот. Пред него бил отворен куфер по што е пронајдена дрога.

“Во неговиот багаж најдовме 16 пакети со 23 килограми кокаин хидрохлорид. Откако се појави пред судијата, тој беше задржан во затвор”, изјави Евер Гомез, командант на полициската управа Вале дел Каука, пренесува Daily Mail.

Локалните извештаи велат дека властите сега се обидуваат да утврдат дали мажот има некакви врски со колумбиските нарко-банди.

Би можело да ве интересира

Дрога, оружје, пари и мобилни телефони најдени при претрес кај скопјанец

А1он

Велешанец проголтал дрога за да ја сокрие од полиција, па завршил во болница

Горан Наумовски

Кривична за жител на дебарското село Отишани, поради поседување марихуана

Горан Наумовски

Полицијата уапси дилер во Штип, пронајдена е дрога во неговиот дом

Горан Наумовски

Приведен дилер во Тетово, пронајдена дрога

Претрес во Штип, пронајдена дрога

Предраг Петровиќ