„Видов херои и ангели“, исповед на полицаецот кој прв пристигна на местото на судирот кај Лариса

Од:

Кошмарните моменти што ги доживеаја патниците од кобниот воз во Грција оживеаја во очите на полицијата и спасувачите кои први пристигнаа на местото на трагичната железничка несреќа. Таму видоа апокалиптични слики. Луѓе беа распарчени. Млади момчиња и девојки фрлени во околните ниви и многу мртви. Повредените се обидувале да најдат начин да избегаат и да се спасат.

На местото први пристигнале младиот полицаец и неговите колеги, откако неколку минути по несреќата биле информирани за судирот.

Судирот на возот се случил во 23 часот и 21 минути по локално време, а тој на местото на настанот пристигнал 10 минути подоцна.

“Многу од сликите што ги видов не сакам да ги споделам јавно. Сцената беше драматична. Видовме херои и ангели. Видов девојка во болка, седеше и се тресеше од шокот што го доживеа”, вели младиот полицаец за грчката ТВ Алфа.

Тој додаде дека ја посетил другата повредена девојка во болница. Таа имала изгореници, а тој мисли дека била во првите вагони.

„Се соочивме со многу херои, се сеќавам на едно 20-годишно дете кое остана да ги ослободи луѓето и успеа. Спаси 10 луѓе и продолжи да се обидува“, рече полицаецот.

Најмалку 57 лица, повеќето млади, загинаа во страшен судар на два воза ноќта меѓу вторникот и средата во близина на Лариса, Грција.

Би можело да ве интересира

30.000 луѓе на улиците во Грција на годишнината од страшната железничка несреќа, избувна нереди

Сообраќајниот инспектор на Грчките железници е уапсен за несреќа кај Лариса

Горан Наумовски

Истрагата за судирот на возот во Грција покажа дека шефот на станицата не бил обучен за својата работа

Шефот на станицата во Лариса и 35 минути по несреќата не знаел за судирот на возот

ВИДЕО: Десетици илјади Грци на улиците поради железничката несреќа, фрлаа молотови коктели

Ана Ололовска

Шефот на станицата во Лариса останува во притвор

Горан Наумовски