Пронајдена е „црната кутија“ од еден од возовите кои се судрија кај Лариса

Од:

Неколку часа пред неодамнешниот судар на два воза во Грција, во кој загинаа 57 лица, шефот на железничката станица во Лариса пренасочил приградски воз во Лариса на погрешна пруга, објави денеска телевизијата „СКАИ“.

Според истите информации, машиновозачот на приградскиот воз го сфатил тоа и ја посочил грешката. Како што јави телевизијата, на местото на судирот била пронајдена и „црна кутија“ на еден од двата воза, но засега не е прецизирано на кој воз му припаѓа, пренесе Катимерини.

Според соопштението на телевизијата Алфа, машиновозачот го прашал началникот на станицата „дали е се во ред“, но шефот на станицата во Ларис не дал одговор, пренесува Танјуг.

Началникот на станицата се соочува со тешки пријави за нарушување на безбедноста во сообраќајот, а за тоа дело му се заканува казна затвор од десет години до доживотен затвор.

Тој се соочува и со обвиненија за повеќекратно убиство од небрежност, како и обвиненија за нанесување телесни повреди. Според обвинението покренато против него, пропустите се сериозни, не само поради неговата грешка што го испратил возот во погрешен правец, туку се тврди и дека можел да го види возот како погрешно врти и да ја поправи својата фатална одлука.

Би можело да ве интересира

30.000 луѓе на улиците во Грција на годишнината од страшната железничка несреќа, избувна нереди

Сообраќајниот инспектор на Грчките железници е уапсен за несреќа кај Лариса

Горан Наумовски

Истрагата за судирот на возот во Грција покажа дека шефот на станицата не бил обучен за својата работа

Шефот на станицата во Лариса и 35 минути по несреќата не знаел за судирот на возот

ВИДЕО: Десетици илјади Грци на улиците поради железничката несреќа, фрлаа молотови коктели

Ана Ололовска

Шефот на станицата во Лариса останува во притвор

Горан Наумовски