Немало спас од силната експлозија на резервоарите за нафта во двата грчки возови

Од:

Остануваат неодговорени многу прашања за смртоносната трагедија во Темпи и околностите под кои се судриле двата воза.

Првата проценка на истражувачите е дека експлозијата најверојатно била предизвикана од запалена нафта во двата воза. Според информациите на ЕРТ, во секој од возовите имало по 2,5 тони нафта, односно по пет тони нафта во двата воза.

По сударот на двете локомотиви, според грчките медиуми дошло до запалување на нафтата, а резултатот бил силна експлозија која го уништила првиот вагон. Сепак, дефинитивен одговор за тоа што ја предизвикало оваа силна експлозија ќе даде истрагата на експертите.

Според ЕРТ, и од полициската истрага и од пожарникарите на местото на трагедијата, произлезе заклучок дека комерцијалниот воз превезувал лим, овошје и жито, а не запалив материјал.

Од испитувањето на мострите во форензичките лаборатории е идентификувано уште едно лице загинато лице од железничката несреќа во Темпи. Според полицијата, вкупниот број на идентификувани жртви е 57.

Според последните извештаи од Главниот штаб на Армијата на Грција, има и два примероци од биолошки материјал обезбедени од роднини, а кои не се совпаѓаат со оние на загинатите. Можно е тоа малку да варира во конечниот број на жртви, но процедурите на лабораториската истрага се уште не е завршена, бидејќи од страна на Противпожарната служба е испратен уште еден примерок од местото на несреќата.

Поточно се работи за човечки екстремитет кој синоќа бил откриен при отстранување на моторот на комерцијалниот воз.

Од Полицискиот штаб соопштија и дека истрагата на местото на несреќата е во завршна фаза, со отстранување на двата мотори, која вчера доцнеше поради дождот, а ќе следи и финално „скенирање“ на површина од приближно 500 квадратни метри. Веднаш потоа ќе биде најавено завршување на истрагите, можеби до попладнево.

Би можело да ве интересира

30.000 луѓе на улиците во Грција на годишнината од страшната железничка несреќа, избувна нереди

Сообраќајниот инспектор на Грчките железници е уапсен за несреќа кај Лариса

Горан Наумовски

Истрагата за судирот на возот во Грција покажа дека шефот на станицата не бил обучен за својата работа

Шефот на станицата во Лариса и 35 минути по несреќата не знаел за судирот на возот

ВИДЕО: Десетици илјади Грци на улиците поради железничката несреќа, фрлаа молотови коктели

Ана Ололовска

Шефот на станицата во Лариса останува во притвор

Горан Наумовски