ВМРО-ДПМНЕ: Владата набавува леб по цени од 30 до 100% повисоки од цените кои ги пропишува

Од:

Владата на Ковачевски самата не ги почитува прописите кои ги пропишува. Додека Владата зборува за замрзнати цени на лебот, таа самата набавува леб по цена 30 до 100 % повисока од таа која самата ја пропишала, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Службата за општи и заеднички работи при Влада во втората половина од минатата година склучила договор за набавка на бел леб по цена од 41,4 денари за 450 грама. Очигледно кога се работи за народните пари власта не знае да штеди и да пресметува па дава и колку што треба и колку што не треба. Уште поеклатантен е примерот со белиот леб со продолжен рок кој што го плаќа за 75,6 денари за 450 грама“, велат од партијата на Мицкоски.

Од Владата, како што велат, молчат за ваквите цени. Кога ги трошат народните пари немаат ограничувања. Според кои пресметки на Владата е логично да се набавува леб по овие цени кои се 30 до 100% повисоки од цените кои ги пропишува Владата? Зарем Владата набавува леб по цена која ги крши прописите на Владата и со тоа самите стануваат соучесници?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оценуваат дека Ковачевски и неговата Влада се клучните одговорни за „лебната криза“ во Македонија, бидејќи со своите политики доведоа до целосен колапс и хаос на пазарот, којшто граѓаните го плаќаат.

„Токму народот со оваа Влада доживува највисока инфлација на цените, особено на прехранбените и основните производи, доживува празни рафтови, доживува беспарица и други дежа ву состојби од транзицијата. Ова мора да престане. Оваа криминална и неспособна власт на ДУИ поддржана од СДС мора да замине“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ