Неколку стотини жители на грчкиот град Патра и членови на неонацистичката партија „Златна зора“ синоќа се судрија со полицијата по протестите во близина на напуштена текстилна фабрика, каде живеат стотици имигранти. Десетт полицајци се ранети, а неколку автомобили уништени кога приврзаниците на крајната десница ги нападнаа имигрантите откако локален жител беше убиен од Авганистанец.
Властите соопштија дека пет лица се уапсени, а повеќе од 20 се приведени за време на антиимигрантските протести.
Полицијата во Патра го уапси Авганистанецот и трага по уште двајца кои се вмешани во убиството. Сведоците изјавиле дека тројцата Авганистанци се расправале со локалниот жител, по што го убиле со ладно оружје и избегале.
„Златна зора“ на последните избори во Грција освои седум проценти од гласовите.