Тасевска: Замрзната цена на лебот, СДСМ е со граѓаните, а ВМРО-ДПМНЕ со профитерите

Од:

СДСМ нема да дозволи никој да профитира врз грбот на граѓаните. Покрај замрзнување на цената на 33 денари, Владата вчера донесе Одлука со која производителите на леб се обврзуваат да го произведуваат и да го стават во промет лебот со замрзната цена, во количина од најмалку 80 отсто од производството во декември 2022 година рече на прес конференција пратеничката на СДСМ Лидија Тасевска.

– Сите пекарници се обврзани да ја почитуваат оваа обврска, а особено оние кои со месеци користеа повластена и далеку поевтина електрична енергија. Белиот и полубелиот леб од 450 грама се основно добро за стотици илјади семејства и оттаму скандалозен е предлогот на пекарниците за воведување на таканаречен социјален леб. Ако пекарниците сакаат да бидат социјално одговорни тогаш, таквиот социјален леб можат бесплатно да го делат на социјално ранливите категории граѓани, но да се намалува грамажа за цената која е замрзната на 33 денари, тоа е класично изигрување на обврската. Државата, институциите преземаат сѐ за да се спречи профит на поединци на штета на граѓаните. Никој не смее и нема да го осиромашува народот заради лично богатење вели Тасевска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

Лукаревска: ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот за зголемување на платите на пожарникарите

Горан Наумовски

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје

СДСМ нуди план во три точки за да се реши кризата во Скопје

Филипче: Скопје е во криза, СДСМ иницира итна седница на Совет на Град Скопје