Боки 13 за брендираната гардероба: Чии ли нечисти раце ми ги носат чантите, чии ли нечисти нозе ми ги носат чевлите?

Од:

Во врска јавно изнесеното соопштение од Агенцијата за одземен имот, поврзано за одземената гардероба и друга брендирана стока во предметот Рекет, јас осудениот Бојан Јовановски осуден токму поради истата таа гардероба и друга брендирана стока на devetгодишна затворска казна го истакнувам следното и прашувам: Од страна на Агенцијата за одземен имот соопштиле дека за одземената гардеробара и за таков вид на брендирана стока нема направено вештачење, нема утврдена вредност, ниту проценка од причини што немало вработено или ангажирано такво стручно лице, вештак и проценител во Бирото за судски вештачења, откако побарале информација од Министерството за правда – Биро за судски вештачења се вели во соопштението од Бојан Јовановски.

Во продолжение целосното писмо од Јовановски:

Токму така, браво за агилноста што после скоро четири години самите си потврдувате дека без вештачење, без утврдена вредност и проценка како задолжителни законски елементи од една законита кривично-правна постапка, јас сум осуден и денеска издржувам казна затвор, алал вера!

Во текот на судењето за никогаш недокажаниот случај “Рекет” многу пати јас и мојот бранител Сашко Дукоски адвокат од Скопје, истакнувавме барање за вештачење на одземената гардероба, чевли, чанти, накит, очила, часовници, уметнички слики, лустери, фотелји и гарнитури за седење, истото тоа го наведовме и пред Апелациониот суд во жалбената постапка, за истото тоа пишувавме и пред Врховниот суд во барањето за вонредно преиспитување на правосилна пресуда, но се беше залудно, бидејќи наредбата да бидам осуден (без докази и без законито спроведена постапка) беше посилна од законот и правото!!!

Онаа суспендиранана Вилма Русковска беше должна пред да ја достави како доказ во обвинителниот акт мојата одземена гардероба, чевли, чанти, накит, часовници, очила, уметнички слики, лустери, фотелји и гарнитури за седење да изготви вештачење со вешт наод и мислење од вешто лице, со точна проценка и утврдена вредност, за да можеше истото да биде доказ во судска постапка согласно ЗКП, а не така на ѓутуре како крвник да ми ја одземе цела гардероба која била стекната во изминатите 15-20 години, за која истата таа Вилма во обвинението наведе дека целата одземена гардероба и друга брендирана стока сум ја купил за само четири месеци, замислете супермен да бев па не ќе можев да ја купам за 4 месеци.

Но, во моментите на супер слава и супер моќ на денес суспендираната Вилма и проаѓаше се како подмачкано, па така и магаре да донесеше во судница и да кажеше дека сум купил магаре од 1.5м евра (никогаш недокажаните и наводни пари од Орце Камчев), ќе беше круцијален доказ за онаа судијкана Васка роднина-братучетка на Иван Џолев и онаа другана судијка Софче да ме осудат така крвнички и политички нарачано.

Прашање кое мачи, чуму сега вештачење и проценка после четири години?

Дали доколку се изврши вештачење и проценка после четири години, агенцијата со истото сака да ми помогне па вештачењето и проценката да ми бидат основ за повторување на постапката и одново процнување на Рекет, па ви благодарам многу другари, направете го што побрзо, иако однапред знам дека давате само голи соопштенија, а дека вештачење и проценка никогаш нема да направите, бидејќи не ви одговора, бидејќи веќе и немате што да вештачите, дотолку повеќе што главната поента зошто молците и глувците ќе останат гладни е токму тоа, што одземената гардероба и друга брендирана стока е дрско испокрадена и заменета со други парчиња слични на одземената брендирана стока!!! Само си се прашувам: чии ли нечисти раце ми ги носат чантите? Чии ли нечисти нозе ми ги носат чевлите? Чии ли проклети очи ги скриваат моите очила? И кој ли си го мери времето до зад решетки со моите часовници.

Веќе еднаш кажав но за да повторам уште еднаш, ако дојде денот бесправно одземеното да ми биде вратено, јас не го сакам и ќе го донирам, но за жал до тоа нема да дојде бидејќи лоповите си го донираа одземеното пред време.

И сосема за крај, Вилма ти порачувам дека ќе одговараш за сите злодела кои ги имаш направено, меѓудругото и за овој криминал со одземената гардероба и брендирана стока, бидејќи ти си директно одговорна заедно со твоите помошнички судијки Васка Масевска- Наумовска и Софче Гаврилова-Ефремова и ти тврдам дека ќе дојдеш зад решетки, бидејќи суспендирањето за тебе е награда а не казна, за тебе вистинската казна ти следува со процесот “Бумеранг”.

П.с Барем уметничките слики предадете ги во некој од уметничките музеи на Македонија, барем тоа добро направете го, ако веќе и тие не висат на нечии крвави ѕидови!

Би можело да ве интересира

Боки 13 ги отфрла наводите за пријавата за загрозување на сигурноста, демнење и лажно пријавување

Катерина Ѓуровски

Апелација ја укина пресудата за „Меѓународен сојуз“, случајот се враќа на повторно судење

Одбраната на Боки 13 бара укинување на пресудата за „Меѓународен сојуз“

Бојан Јовановски: Со оваа здравствена состојба не можам да бидам во затвор

Боки-13: Прво селфи во слобода по четири години затвор

Горан Наумовски

Боки 13 пуштен на слобода: Затворската казна во прекин поради лошата здравствена состојба

Александар Тодески