Млад Грк направил грешка, седнал во погрешен вагон и си го спасил животот

Од:

Панајотис Стафилос е млад човек кој ја преживеа денешната железничка несреќа во Грција во која загинаа најмалку 43 лица.

Овој млад човек имал билет за второто купе, но направил мала грешка – ги измешал бројките.

Првиот и вториот вагон на возот се речиси целосно уништени во судирот со товарниот воз, изјави регионалниот гувернер. Овој млад човек, да седел каде што требало, веројатно ќе беше мртов.

Петтиот вагон во кој случајно се нашол младиот човек успеал да остане на шините.

Во интервју за Би-Би-Си, тој вели дека „можеби по чиста среќа, или Господ“, тој не е меѓу повредените или загинатите во несреќата.

Стафилос вели дека луѓето во неговиот воз биле вознемирени по инцидентот и тој се обидел да им помогне и да ги смири.

„Прво ги скршивме прозорците, но немавме соодветни алатки за да го направиме тоа… па се обидовме да ја скршиме вратата“.

На крајот пристигнала брза помош да им помогне.

Стафилос вели дека пред судирот возот застанал околу 15 минути на станицата Лариса, но тогаш не размислувал за тоа бидејќи доцнењето е нормално во Грција.

Би можело да ве интересира

30.000 луѓе на улиците во Грција на годишнината од страшната железничка несреќа, избувна нереди

Сообраќајниот инспектор на Грчките железници е уапсен за несреќа кај Лариса

Горан Наумовски

Истрагата за судирот на возот во Грција покажа дека шефот на станицата не бил обучен за својата работа

Шефот на станицата во Лариса и 35 минути по несреќата не знаел за судирот на возот

ВИДЕО: Десетици илјади Грци на улиците поради железничката несреќа, фрлаа молотови коктели

Ана Ололовска

Шефот на станицата во Лариса останува во притвор

Горан Наумовски