Грчкиот министер за транспорт рече дека се уште не е познат точниот број на жртви. Локалните медиуми објавија дека Костас Караманлис рекол дека причините ќе бидат истражени транспарентно и сериозно.
„Денес е навистина тажен ден, сите ние овде ја изразуваме нашата болка и тага. Нашите мисли се со жртвите и нивните семејства. Караманлис ја опиша несреќата како „многу тешка операција за пребарување и спасување“, додавајќи: „Сè уште не го знаеме точниот број на жртви“.
„Би сакал да останеме смирени и посветени, да направиме се што можеме и да ги истражиме причините, да не оставиме ништо под тепих“, заклучи тој.