Уставен: Функционерите кои си поднеле оставка или биле разрешени нема да можат да земат апанажа

Од:

Уставниот суд на денешната седница го укина членот 22 од Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани функционери, што значи дека функционерите кои си поднеле оставка или биле разрешени нема да можат да земат апанажа.

– Содржината на овој член е дека пратеник, функционер и раководен работник кој поднел оставка или е разрешен од должноста пред истекот на времето за кое е избран, именуван или назначен ги има сите права како останатите функционери меѓу другото и право на апанажа, вели портпаролката на Уставниот суд, Христина Беловска.

Овој член, според Судот нема уставна оправданост.

-Судот го зема во предвид фактот дека до оставка или до разрешување доаѓа заради некаков вид на одговорност поврзана со вршењето на доверената функција, вели Беловска.

Според Судот, оставката и добивањето на паричен надоместок во вакви случаи се меѓусебно неспоиви и затоа е одлучено да се укине оваа одредба, како спротивно на владеењето на правото кое е една од темелните вредности на нашиот Устав.

Иницијативата е поднесена на почетокот на 2022 година, од страна на Глигорие Ќатоски, адвокат од Струга. Оспорени беа 7 члена од Законот, од 19-25, но Судот го оцени само членот 22 како спротивен на Уставот.

Оваа одлукана Уставниот суд е конечна и влегува во сила откако ќе се објави во Службен весник.

Би можело да ве интересира

Села бара од Уставниот суд оценка на уставноста на измените за „Безбеден град“

Горан Наумовски

Претседателот на Уставниот суд апелира за итен избор на уставен судија

Костадиновски: Сè зависи каде се применува бадентерот

Костадиновски: Итно да се изберат двајца уставни судии

Костадиновски: Укинувачката одлука на Кривичниот законик би направила поголема штета од пратеничката

Собранието ја констатира оставката на Дабовиќ-Анастасовска, опозицијата бара Анкетна комисија за трагедиите

Горан Наумовски