Полицијата во Грција го уапси шефот на железничката станица во Лариса, откако товарен воз се судри со патнички воз при што загинаа најмалку 38 лица.
Според неофицијални информации, осомничениот се товари за кривично дело нарушена безбедност во сообраќајот со што е предизвикана смрт.
Казните за ова дело се движат од 10 години до доживотен затвор.
Во овој момент се сомнева дека до судирот дошло поради човечка грешка, односно се верува дека приведениот го пренасочил патничкиот воз на спуштање на сообраќајот, поради што се нашол во иста линија со товарниот воз и дошло до верижен судар.
Наводно, осомничениот на истражителите им рекол дека дал наредба да се премести прекинувачот, но дека системот не го сторил тоа.