МНР: Засега нема информации за загинати или повредени наши сограѓани во Лариса

Од:

Во врска со трагичната железничка несреќа, која што синоќа се случила близу градот Лариса во Грција, известуваме дека досега ниту до Министерство ниту до нашите дипломатско конзуларни претставништва не е стигната информација дека меѓу загинатите или повредените во несреќата има и државјани на Република Северна Македонија, велат од МНР.

„Амбасадата на Република Северна Македонија во Атина и Генералниот конзулат во Солун се во комуникација со надлежните органи во Грција, од каде чекаме и официјални информации за состојбата околу трагичната несреќа. Министерството останува отворено за реакција на барање на наши државјани, кои поради било какви причини предизвикани од несреќата им е потребна итна асистенција. Информираме дека нашите контакти се отворени 24 часа, а на располагање се три телефонски броја на нашите дипломатски претставништва во Грција: +30 6655191321 во Атина; +30 6987200410 во Солун; како и СОС телефонот на МНР во Скопје +38975273732“, велат од МНР.

Би можело да ве интересира

Десет лица се повредени во судар на патнички возови во Прага

Горан Наумовски

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Роднините на загинатите во железничката несреќа во Русија ќе добијат помош од 20.000 евра

Горан Наумовски

Индонезија: Во судир на возови најмалку три лица загинаа, 28 се повредени

Железничка несреќа во Њујорк: Многу патници се повредени

(ВИДЕО) Повеќе од 500 луѓе се повредени при судар на два воза во Кина

Горан Наумовски