Снимката покажува згмечени вагони, голем број амбулантни возила и противпожарни екипи по железничката несреќа во северна Грција.
Потсетуваме, најмалку 32 лица загинаа, а близу 90 се повредени по сударот на патнички воз кој патувал од Атина за Солун со товарен воз.
Причините за несреќата се уште не се јасни. Ударот бил многу силен и првите четири вагони од патничкиот воз излетале од шините. Според локалните власти, првите два вагона биле речиси целосно уништени.