Кај Бахмут видени Леопарди 2, „прашање на време е кога градот ќе падне“, велат сепаратистите

Од:

Германските тенкови Леопард 2 се забележани во близина на Бахмут, тврди советник на шефот на самопрогласената проруска Народна Република Доњецк. „Се вели дека Леопардите се појавиле во близина на Артемовск (руското име за Бахмут)“, рече Јан Гагин.

„Нема потреба од сензационализам. Тешките возила како тенкови тешко ќе се движат на таква каллива територија“, додаде тој.

Тој тврди дека руските сили ги контролираат рутите до Бахмут и дека „прашање на време е кога градот ќе падне во руски раце“. „Борците сега се веќе во градот, речиси во централниот кварт, се приближија“, рече Јан Гагин.

„Веќе е јасно дека Украина ќе го загуби Артемовск. Прашањето е само кога тоа ќе се случи“, додаде Гагин.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето ноќно обраќање рече дека ситуацијата во источниот украински град станува „сè повеќе предизвикувачка“.

„Непријателот постојано уништува се што може да се искористи за заштита на нашите позиции“, рече Зеленски.

Би можело да ве интересира

Кремљ: ЕУ ќе ја предводат две жени кои не сакаат нормализација на односите со Русија

(ВИДЕО) Украина објави снимка: Русите сакаат да го збришат Часив Јар

Катерина Ѓуровски

Русија: „Америка е влезена во војна, реакцијата на Москва ќе ве боли“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Снимен моментот кога ракетите ATACMS паѓаа на сред плажа на Крим

Разговараа американскиот и рускиот министер за одбрана, објавија различни верзии за разговорот

ВИДЕО: Силен удар на Крим, убиени две деца

Предраг Петровиќ