Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен изјави денеска во Вилњус дека длабоко жали поради поделеноста на меѓународната заедница во врска со употребата на хемиско оружје во Сирија.
– Сметам дека е време да ги надминеме разликите, бидејќи со тоа испраќаме многу опасни пораки до диктаторите, кои можат да помислат дека можат да употребуваат хемиско оружје и други оружја за масовно уништување, беа никаква реакција од страна на меѓународната заедница, нагласи Расмусен, кој учествува на средбата на министрите за одбрана на земјите од Европската унија.
Тој повика за силен меѓународен одговор и нагласи дека за него лично нема сомневање дека сирискиот режим е одговорен за нападот со хемиско оружје на 21 август во предградие на Дамаск.
Расмусен додаде дека не гледа никаква дополнителна улога на НАТО во евентуалните напади во Сирија, освен распоредувањето на ракетите „Патриот“ за заштита на Полска.