Ковачевски: Употребата на социјални медиуми ќе се регулира со стратегиите за дигитализација и за медиуми

Од:

Со стратегиите за дигитализација и за медиуми во иднина ќе се регулира употребата на социјалните медиуми за унапредување на општеството, а не за несакани последици, рече премиерот Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање дали се планира да се укине апликацијата Тик ток поради тоа што станува ризична за користење.

Ковачевски при денешната посета на Општина Гостивар, посочи дека уште од стартот на примената на социјалните медиуми експертите укажувале дека ќе дојде момент кога поради начинот на кој се креирани и како функционираат ќе бидат тешки за контрола и оти ќе треба да се регулира нивното функционирање.

Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на доделување на социјални станови на 45 семејства во Гостивар.

-Социјалните медиуми се нов феномен во општеството. Во моментот кога настанаа пред повеќе до 10 години тие беа апсолутно интересни за сите. Меѓутоа, уште тогаш експерти зборуваа дека ќе дојде момент кога социјалните медиуми на начинот на кој се креирани и на начинот на кој функционираат ќе бидат тешки за контрола, практично невозможни, и оти ќе дојде момент кога ќе треба да се направи регулирање не зборувам во една држава туку регулирање во однос на целокупното нивно функционирање, изјави Ковачевски.

Тој укажа дека постојат различни примери во однос на користењето на социјалните медиуми и други 4Г и 5Г апликации кои се користат на јавните телекомуникациски мрежи.

-Секако дека кај нас согласно со стратегијата за дигитализација и стратегијата за медиуми во иднина ќе се размислува во делот на користење на социјалните медиуми, тука не зборувам за сите, не зборувам за некои ограничувања, туку за регулирањето што ќе овозможи нивна употреба со цел за унапредување на општеството, а не да бидат користени за нешто што не сакаме да го имаме како последица во општеството, рече Ковачевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачевски: Гледаме политички пазар, без јавна дебата, за зголемување на државната управа

Горан Наумовски

Ковачевски официјално се повлекува од функцијата претседател на СДСМ

Горан Наумовски

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Ковачевски: Oва е последниот повик за Европа, ние не се откажуваме!

Горан Наумовски

Ковачевски за Ден на македонскиот јазик: Македонскиот јазик денес е на исто рамниште со официјалните јазици во ЕУ, тој е темел на нашиот идентитет

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он