Поради крајно неповолните временски услови предизвикани од снег и силен ветар на крајбрежјето, во моментов нема слободeн пат за ниту една група возила од правец на Далмација кон внатрешноста на Хрватска и обратно.
— Radio Dalmacija (@RadioDalmacija) February 26, 2023
Во тек е зимското одржување на патиштата, па затоа има чести застои зад зимските сервисни возила, кои се движат побавно.
„Сообраќајната полиција повремено исклучува возила на одредени клучки на автопатот А1, во зависност од приливот на возила. Бараме возачите да ги почитуваат ограничувањата на одредени државни патишта кои се затворени за секаков сообраќај, односно за одредени групи возила и да не тргнуваат без соодветна зимска опрема“, додаваат од ХАК.
Управата на хрватската полиција вчера веќе ангажирала дополнителни полициски сили, а синоќа биле ангажирани и максималниот број полицајци кои се грижат за безбедноста и се во служба на граѓаните на местата за одмор и патиштата. Тие апелираа до граѓаните да не патуваат, пренесува Вечерњи лист.