Руските државни медиуми објавија снимка напревена од воздух од украинскиот град Бахмут. Кевин Ротрок, извршен уредник на независниот руски портал Медуза, го сподели видеото на Твитер. „Не остана ништо друго освен урнатини“, напиша тој.
Drone footage published by the Russian state media showing the current state of Bakhmut. There's nothing left to fight over but ruins. pic.twitter.com/zm2IU3lCzW
— Kevin Rothrock (@KevinRothrock) February 26, 2023
Руските сили и платениците од озлогласената руска Вагнерска група од јули очајнички се обидуваат да го освојат Бахмут, но сепак безуспешно. Основачот на Вагнер и близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин, Евгениј Пригожин, во изминатите неколку дена објави дека неговите борци освоиле неколку села во околината на Бахмут. Оваа информација не е независно потврдена.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски неодамна изјави дека украинската армија ќе го брани Бахмут, но „не по секоја цена“.