(ВИДЕО) Во Берлин протест против испраќањето оружје во Киев: Мораме да преговараме со Русија

Од:

Во Берлин денеска се одржа протест против војната во Украина на кој организаторите побараа прекин на испораката на оружје за таа земја.

„За нас е важно страшното страдање и умирањата во Украина да престанат. Но, во исто време, ние сакаме на Русија да и биде претставена основа за преговори наместо бескрајната војна да се продолжува до исцрпување одново и одново со испораката на ново оружје“, изјави политичарката од Левица и една од организаторите на средбата Сахра Вагенкнехт.

Вагенкнехт се бранеше од критиките дека ја претставува пропагандата на Путин во Германија.

„Со секое оружје што го доставуваме до ова буре барут, опасноста од војна на глобално ниво се зголемува. Ова мора да заврши и ова не е пропаганда на Путин“, изјави Вагенкнехт пред околу 13.000 демонстранти.

Покрај Вагенкнехт, на денешните протести повика и познатата феминистка Алис Шварцер. Двete пред неколку недели објавија „Манифест за мир“, во кој од германскиот канцелар Олаф Шолц се бара да ја запре „ескалацијата“ на испораките на оружје за Украина.

Во пресрет на протестот, германскиот министер за економија Роберт Хабек жестоко ја критикуваше иницијативата на Вагенкнехт.

„Разбирливо е некој да се залага за мир. Но, Вагенкнехт и нејзините следбеници сакаат да продадат под мир нешто што империјалистичкиот диктатор сака да и го наметне на Европа“, рече Хабек.

Полицијата соопшти дека во исто време во близина се одржале неколку контрапротести со барање поддршка за Украина. Истовремено, беше посочена и забраната за знаци кои ја глорифицираат агресијата врз Украина, како што е буквата „З“.

Полицијата процени дека на собирот имало припадници на екстремната левица и десница, како и луѓе кои биле активни за време на протестите против владините мерки против пандемијата во последните години. До доцна попладне, како што соопшти полицијата, немало поголеми инциденти. Полицијата го проценува бројот на учесници на 13.000, организаторот говори за 50.000.

Би можело да ве интересира

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Се појави наводна снимка од рускиот напад на Украина со балистичка ракета

Катерина Ѓуровски

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп

Ќе загубиме ако САД ја прекинат воената помош вели Зеленски

Катерина Ѓуровски

САД ја затвори амбасадата во Киев: „Добивме информации за потенцијален напад“

Катерина Ѓуровски