Пригожин го обвини руското воено раководство за предавство

Од:

По неколкумесечна тензија меѓу платениците од „Вагнер“ и руската армија, шефот на паравоената група Евгениј Пригожин го обвини руското воено раководство за предавство.

Ескалацијата на војната со зборови може да укаже на слабеење на влијанието што Пригожин го имаше кај рускиот претседател Владимир Путин, јавува Радио Слободна Европа (РСЕ) пишување на светските медиуми. Во вторникот Пригожин го обвини рускиот министер за одбрана и началникот на Генералштабот дека на неговите борци во Украина не им дале доволно муниција, наведува Асошиејтед прес.

Милионер со блиски врски со претседателот Путин во емотивно аудио рече дека „директниот отпор“ на руската армија „не е ништо повеќе од обид да се уништи Вагнер“.

Емотивните изјави на Пригожин и неговите борци, посочува АП, ги истакнаа долгогодишните тензии меѓу руската војска и Вагнер, кој има нејасен правен статус бидејќи рускиот закон забранува приватни воени компании.

Со повишен тон, Пригожин рече дека рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на Генералштабот Валериј Герасимов наредиле Вагнер да не се снабдува со муниција и дека не му е обезбеден воздушен транспорт.

Би можело да ве интересира

Зеленски: На повидок е крајот на војната

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

ВИДЕО: Каква е руската хиперсоничната ракета „Орешник“ и колку е опасна

ВИДЕО: Украина загуби над 40 отсто од територија во Курск, Русите напредуваат во Донецк

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ