Судскиот совет ќе постапува по претставката од Бојан Јовановски, а по обвинувањата дека Кривичниот суд има донесено фалсификувано решение со кое се одбива неговото барање да за прекин на казна поради влошено здравје.
„Ве известуваме дека по поднесената преставка од страна на Бојан Јовановски до Судскиот совет на РСМ, односно Барање за формирање на комисија за спроведување на вонреден надзор и контрола во врска со постапувањето на Основниот кривицен суд Скопје по предметот ПК бр.18/22, денеска до бранителот мр. Владимир Туфегџиќ, адвокат од Скопје, пристигна известување дека истата ВЕДНАШ е земена во работа и дека се постапува по нејзинити наводи. Ја поздравуваме ажурноста и итноста при постапувањето од страна на Судскиот совет и за секое дополнително правно прашање во врска со оваа правна ситуација бранителот мр. Владимир Туфегџиќ“, посочува правниот тим на Бојан Јовановски.