Просечната возраст на населението во ЕУ 44,4 години, кај нас 41,1

Од:

Средната возраст на населението на ЕУ лани била 44,4 години, што е зголемување за 2,5 години во споредба со 2012. Во Северна Македонија, пак, просечната возраст е 41,1 година, а една децениja претходно била 36,4, покажуваат податоците што ги објави Евростат.

Најмладо население во ЕУ има Кипар со просек од 38 години, а најстаро Португалија (46,8) и Италија (48 години).

Во периодот од 2012 до 2022 година, средната возраст на населението се зголемила во сите членки на ЕУ, освен во Шведска, каде што се бележи намалува од 40,8 на 40,7 години.

Од земјите во регионот, најстаро население има Грција каде што просечната возраст е 46,1 година, Хрватска со 45,4, Бугарија 45,1, Србија 44,1. Најмлада популација имаат Црна Гора 39,4 и Албанија 38 години, но и таму во изминатата децени е регистриран раст на средната возраст за 2,5 односно 4,8 години.

Би можело да ве интересира

Населението на Русија се намали на 146,2 милиони луѓе

Светското население се зголемило во 2023 година на повеќе од осум милијарди луѓе

Од земјава годишно се иселуваат 12 илјади луѓе, за пет децении Македонија ќе има 1,3 милиони жители

Катерина Ѓуровски

Намален природниот прираст на населението во земјава

Србија има околу 760.000 жители помалку отколку во 2011 година

Горан Наумовски

Во Америка населението рапидно се зголемува

Горан Наумовски