Бектеши ќе предложи да се укине субвенцираната струја за компаниите

Од:

Министерството за економија ќе предложи да се укине мерката за субвенционираната струја за компаниите. Според првичните податоци на институциите, 60 до 70 проценти од компаниите од прехранбениот сектор што ја користат оваа мерка не ги намалиле цените и не го испочитувале договореното. Мерката за субвенционирана струја ќе остане да важи за училиштата и јавните комунални претпријатија.

Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека се работи на дизајнирање нови мерки со цел намалување на цените на основните прехранбени производи. Мерката за ограничување на маржите на основните прехранбени производи целосно се почитува од трговците, но голем дел од прехранбените компании кои користат субвенционирана струја од државата не ги намалиле цените, рече министерот за економија Крешник Бектеши во интервју за ТВ Алсат.

Тој потсети дека Министерството за економија имаше неколку средби со стопанските комори, особено со компаниите кои се најголеми производители на основни прехранбени производи.

Од средбите, посочи, произлезе заклучок дека Владата треба да преземе соодветни мерки во делот на електричната енергија со единствена цел да им се помогнеме на производителите на основни прехранбени производи и да се влијае на намалување на цените кои се истакнати со владина одлука, како што се основните производи – лебот, маслото, тестенините и така натаму, особено млекото.

-Значителен дел на домашни компании со кои имавме џентлменски договор за жал не го почитуваа договорот кој сме го имале помеѓу Владата и стопанските комори и не ги намалија цените на основните прехранбени производи. Ние како Министерство за економија добивме извештај од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) до крајот на овој месец очекуваме и конечен извештај. Според прелиминарните податоци, значителен дел на компаниите кои се над 250 и кои ја користат мерката за субвенционирање на електрична енергија, над 60-70 проценти од нив не ја почитувале истата одлука и ги имаат истите цени на производите кои ги имале во ноември пред стапи во сила одлуката за субвенционирање на електрична енергија, кажа министерот Бектеши.

Според податоците од ДПИ, како што укажа, мерката за ограничување на профитната маржа што исто така беше донесна со цел намалување на цените на прехранбените производи се почитува кај сите трговци.

-Државниот пазарен инспекторат е постојано на терен и прави контроли кај сите компании кои што користат субвенционирана струја. Согласно Законот за трговија и Законот за заштита на потрошувачи оние кои ги прекршуваат одредбите ќе бидат санкционирани, па дури и може да бидат затворени, рече министерот Бектеши.

Министерот соопшти дека за субвенционирање на електричната енергија за компаниите од прехранбениот сектор досега се одвоени околу 1,2 до 1,3 милиони евра, средства што може да се користат за други мерки посебно за граѓаните кои имаат најголема потреба.

-Во моментов со Министерството за финансии дизајнираме нови мерки. Наместо да ги субвенционираме одредени компании кои не ги почитуваат одредбите договореното, тие средства во Буџетот кои се определени за антикризни мерки да ги пренамениме во намалување на одредени давачки, било тоа да е царина или други давачки и на тој начин да влијаеме на намалување на цените, посочи министерот Бектеши.

Тој потенцираше дека мерката за субвенционирање на струјата на основните и средните училишта и за јавните комунални претпријатија ќе остане, а за компаниите предлогот на Министерството за економија е да се укине.

Во однос на цената на електрична енергија, министерот Бектеши кажа дека се анализира можноста да се врати евтина тарифа на електрична енергија два часа преку ден. Враќањето на евтината тарифа на струја преку ден ја чини државата околу 15-16 милиони евра годишно, средства кои сега секако се пренаменети за други мерки за поддршка на граѓаните.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Омилената српско-бугарска компанија на Изет МегаВин Меџити веќе седум години нелегално организира онлајн коцкање

Не коментирам изјави на политички маргиналци, вели премиерот Мицкоски

Бектеши ја оценува кривичната пријава како политичко заплашување, ја објави пораката што ја испратил

Усвоената листа на производи за спречување нефер трговски практики дополнително ќе ја намали инфлацијата, најавува Бектеши

Бектеши: Очекувам наредната влада да ја ревидира одлуката за да нема зголемување на цената на електричната енергија

Бектеши бара да се репреговара една енергетска инвестиција: Не може два или три пати да се дава државна помош на ист инвеститор

A1on