Пензионерот Роџер Џексон од Велика Британија заврши во затвор откако се јавил на 911 и полицијата повеќе од 7.000 пати. Полициската станица во Сасекс и Службата за брза помош рекоа дека тој упатувал навредливи повици до нив од октомври 2020 година.
Се проценува дека потрошил повеќе од 400 часа на повици. Сара-Луиз Глендон, портпаролка на полицијата, рече дека Џексон добил неколку предупредувања за постојаното јавување пред да биде фатен.
„Фреквенцијата на неговите повици имаше ефект да го спречи оперативниот центар да обезбеди услуга за јавноста на која навистина и требаше полициска помош“, рече таа.
Тој беше осуден на 39 месеци затвор откако ја призна вината. Нејтан Данер, кој работи во амбулантата на Југоисточниот брег, рече дека Џексон секојдневно вербално ги малтретирал вработените.
„Само еден непотребен повик ги доведува животите на другите во опасност“, нагласи тој.