Со украдена кола, штипјанец удрил во надгробна плоча на кумановските гробишта

Од:

45-годишен штипјанец ограбил продавница и украл клучеви од возило. Ја украл и колата и со неа удрил во надгробна плоча на гробиштата во Куманово. МВР информира дека е приведен.

– На 21.02.2023 во 09.40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.М.(45) од Штип. Тој се сомничи дека со употреба на сила влегол во продажен објект на улица „Иво Лола Рибар“ и одзел пари и клучеви од патничко возило „пежо“ сопственост на Б.С., по што го одзел и возилото, со кое удрил во надгробна плоча на Градските гробишта во Куманово. С.М. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава се наведува во соопшштението од МВР.

Би можело да ве интересира

Пумпа за бетон уби работник од Албанија кај Требеништа

Измамена старица: лажен доктор и зел 150 илјади денари, ја убедил дека ќерка ѝ е повредена

Трагедија на патот Кочани- Виница: загина 48-годишник

Скандал во Чегране: полицајци манипулирале со документација

Катерина Ѓуровски

Бизарен случај во кочанско: ја излажале дека и е направена магија, и зеле накит и пари

Починат скопјанец пронајден пред поликлиниката Ченто