Џафери: Моите деца имаат исто право на работа како сите други, се прави сензација

Од:

Моите деца, како и сите граѓанин на оваа држава, ги уживаат истите права и можности во оваа општество, изјави денеска претседателот на Собранието Талат Џафери, откако името на неговиот син Барлет Џафери се најде на листата на оние кои ја завршиле Академијата за судии и обвинители.

Спикерот Џафери на денешниот брифинг со новинарите додаде дека иако Државната комисија за спречување на корупцијата покрена постапка против неговиот син, таа била запрена, бидејќи, како што рече, Антикорупциска не можела да утврди злоупотреба.

– Во секој случај, јас сум свесен како претседател на Собранието, како носител на јавна функција, дека сензацијата е поголема кога се работи за член на семејството на носител на висока функција. Антикорупциска имала постапка и таа постапка е запрена, бидејќи не можело да се утврди злоупотреба од страна на мојот син. Работа на институциите е друга работа и тоа не не засега ниту мојот син, ниту мене, рече Џафери.

Би можело да ве интересира

Џафери: Се врши изборен инжeнеринг за менување на соодносот на силите во Собранието

Предраг Петровиќ

Џафери: Ги поддржуваме поставените темели во новиот акциски план за заедничкиот регионален пазар

Џафер и Арсовска се скараа кој е надлежен да се искоси тревата во дворот на Владата

Орце Костов

Џафери: Дали ќе одам во опозиција зависи од исходот на преговорите за нова Влада

Орце Костов

Џафери гласал и на претседателските избори

Катерина Ѓуровски

Џафери: Убеден сум дека ќе ги отстраниме предрасудите дека Албанците не можат и не знаат

Катерина Ѓуровски