Песков: Путин не планира да разговара со Бајден

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин во моментов не планира никаков контакт со неговиот американски колега Џозеф Бајден, откако одлучи Москва да се повлече договорот Нов СТАРТ, соопшти денеска Кремљ.

Путин денеска соопшти дека Русија го суспендира своето учество во договорот со САД за ограничување на нуклеарното оружје, таканаречениот договор Нов СТАРТ (Мерки за натамошно намалување и ограничување на стратешкото офанзивно оружје – Measures for the Further Reduction and Limitation of Strategic Offensive Arms), потпишан во 2010 година и се закани дека ќе спроведе нови нуклеарни проби ако САД први го направат тоа.

Портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, на новинарско прашање дали оттогаш имало барање од американска страна за контакт на претседателско ниво, одговори дека „сите ја слушнале првата реакција на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и американскиот државен секретар Ентони Блинкен“ и дека не се планира контакт.

Би можело да ве интересира

Москва му се закани на Западот со можна одмазда доколку се обиде да ги заплени руските средства

Песков: Во моментов нема услови за разговори меѓу Русија и Украина

Русија вели дека е подготвена за мировни преговори со Украина

Песков: Русија е во војна откако Западот интервенираше на страната на Украина

Горан Наумовски

Кремљ ги предупреди предавниците да не се враќаат во Русија

Горан Наумовски

Песков: Изборите во Русија беа апсолутно чисти и фер