Исчезна девојка во БиХ, спасувачите биле нападнати од мечка за време на потрагата

Од:

Припадници на планинската спасувачка служба Горњи Вакуф, ловџии и жители веќе втор ден трагаат по 15-годишната Е.Р. која исчезна вчера во попладневните часови во областа Бистрица во Босна и Херцеговина.

Потрагата траела до доцна синоќа, а рано утринава ја продолжиле потрагата. Девојчето последен пат била видено вчера околу 14:30 часот на патот Горњи Вакуф/Ускопље – Нови Травник во Бистрица, а претходно била видена во продавница во Бистрица од каде купила сок. Таа носеше црна јакна, црвен ранец, црни панталони и бели патики. Станува збор за девојка со пречки во развојот.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Централниот босански кантон Хасан Хоџиќ изјави дека полицијата е запознаена со исчезнувањето на девојчето и ги презема сите мерки за нејзино пронаоѓање.

Според информациите на локалниот портал GornjiVakuf.com, денеска група спасувачи се нападнати од мечка додека го пребарувале теренот, но за среќа нема повредени.

Би можело да ве интересира

Полицијата трага по 13-годишно девојче од Штип

ВИДЕО: Српски Јутјубер се снимил во дувло на мечка, доби повеќе од 100.000 следачи во еден ден

Предраг Петровиќ

Полиција трага по 20-годишна девојка од Скопје

ВИДЕО: Тим од скопската зоолошка спаси мечка фатена во стапица за диви свињи

Катерина Ѓуровски

САД: Маж уби гризли во самоодбрана

Во Грција е активиран „Амберт алерт“, киднапирано е девојче