Ревијален ватерполо натпревар на Градското пристаниште во Охрид

Од:

Во рамки на активностите што општина Охрид ги организира како дел од националниот хепенинг „Да навиваме заедно за Македонија“ по повод празникот 8-ми септември, попладнево на Градското пристаниште во Охрид ќе се одржи ревијален ватерпол натпревар на ветераните од клубовите „Охридски бранови“ и „Струга“.

Некогаш големите ривали од двата крајезерски клуба ќе ги одмерат силите на истото место каде тоа го правеа во своите почетоци, на импровизираниот терен во внатрешната страна на Градското пристаниште во Охрид, каде се одвиваа и тренинзите на пливачите и ватерполистите на „Охридски бранови“ некаде кон средината на 80 години на минатиот век, до изградбата на базенот во рамки на СРЦ „Билјанини извори“.

Натпреварот е замислен како потсетување за времето кога во Охрид и Струга имаше активни ватерполо клубови, а езерските дерби-натпревари беа атракција и вистинско спортско доживување. Почетокот на натпреварот е предвиден за од 17 часот.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

Претреси во Охрид поради лихварство и изнуда, уапсено е само едно лице