Анкета: Меркел во силно водство и после телевизиската дебата

Од:

На помалку од три недели пред изборите за нов канцелар на Германија, актуелната канцеларка Ангела Меркел се уште е во силно водство и после единствената телевизиска дебата за време на кампањата, покажуваат денеска објавените резултати од анкетата.

Според резултатите од анкетата, 59 проценти од испитаниците би сакале Меркел да остане на функцијата Канцелар, додека 30 отсто од анкетираните би сакале на таа позиција да го видат нејзиниот ривал Пер Штајнбрук, од редовите на Социјалдемократската партија, пренесува Танјуг.

Демохристијанската унија на Меркел и нејзината баварска сестринска партија ја уживаат наклонетоста на 41 процент од испитаниците, додека нивниот коалициски сојузник Слободна демократска партија ја има довербата на шест отсто од германските гласачи.

Коалицијата, со вкупно 47 проценти гласови, уште еднаш би извојувала тесно владејачко мнозинство по изборите, кои ќе се одржат на 22 септември. СДП на Штајнбрук има доверба на 26 отсто од испитаниците, додека поддршката за нивниот сојузник, Зелените, се намали за два отсто и сега изнесува 10 проценти од избирачите.

Екстремно ливичарската партија Линке, со која СДП и Зелените тврдат дека не сакаат да коалицираат, ја има довербата на осум проценти од гласачите.

Анкетата ја спроведе телевизијата ЗДФ, по пат на телефон од понеделник до среда, на примерок од 1.296 испитаници.

Би можело да ве интересира

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија

По неколку напади врз левичарски политичари во Германија и претставниците на АфД беа нападнати

Горан Наумовски

Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник Матијас Еке

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин