Најмалку 14 лица загинаа во сообраќајна несреќа во Пакистан

Од:

Најмалку 14 лица загинаа, а 63 се повредени во сообраќајна несреќа во источниот дел на Пакистан каде патнички автобус излетал од автопатот и се превртел.

Несреќата се случила во близина на градот Калар Кахар во провинцијата Пенџаб, соопштија локалните власти, додавајќи дека повредените се пренесени во блиските болници.

Премиерот Шахбаз Шариф изрази длабоко сочувство за загубените животи во несреќата и нареди да се обезбеди најдобар можен медицински третман на повредените. Сообраќајните несреќи во Пакистан најмногу се случуваат поради непочитување на правилата, што доведува до смрт на неколку илјади луѓе секоја година.

Би можело да ве интересира

Во прекин сообраќајот на патот Радовиш-Штип поради сообраќајка

А1он

Судар меѓу воз и автобус, многу повредени

Предраг Петровиќ

Му откажале кочниците на „мерцедес“ и удрил во објект на Царинската управа

Од пат излета „астра“ во Македонска Каменица, четири момчиња се повредени

27-годишен маж со мотоцикл удрил во возило, па завршил во болница

Возач загина на стариот пат Ѓавато-Тополчани