Премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ на маргините на Минхенската безбедносна конференцијата се сретнаа со претседателот на ПЕС Стефан Лофвен.
На средбата е разговарано за евроинтеграциите и потребата од забрзан пат на Северна Македонија до полноправно членство во Европската Унија. Претседателот на ПЕС изрази силна поддршка за реформите кои Северна Македонија ги спроведува за забрзано европеизирање на земјата.
Со политиките на Владата се обезбеди стратегиската цел, членство во НАТО, како и започнувањето на преговорите со ЕУ со што уште еднаш се потврдија силните заложби дека земјата е на страната на мирот, стабилноста, добрососедските односи и економски раст и развој со кои обезбедуваме подобар живот за сите, сопшти владината прес-служба.