(ВИДЕО) Ковачевски – Кришто: Заедно работиме за стабилен Западен Балкан во Европската Унија

Од:

Интегрирањето на балканските земји во големото европско семејство е реална потреба на регионот, заклучија на денешната средба на маргините на Михенската безбедносна конференција, премиерот Димитар Ковачевски и претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кришто.

На средбата, на која присустувал и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, Ковачевски и Кришто ги потврдиле пријателските односи меѓу земјите како и заложбата за интензивирање на соработката во наредниот период.

Ковачевски на својата босанска колешка ѝ честиташе што Босна и Херцеговина доби кандидатски статус во Европската Унија.

Тој на средбата истакна дека единствено стабилна и просперитетна иднина на земјите од Западен Балкан е во Европската Унија.

-Интегрирањето на балканските земји во големото европско семејство е реална потреба на регионот, заклучија двајцата соговорници.

Што се однесува до билатералните односи меѓу Босна и Херцеговина и Северна Македонија, тие се без отворени прашања. Наредниот период владите на двете земји ќе бидат фокусирани на унапредување на економската соработка меѓу двете земји, посебно во сегментите на трговската размена во металната, прехранбената и текстилната индустрија, соопшти Владата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Додека ја крадеа државата СДС, Заев и Ковачевски потрошиле и 280 илјади евра за фејсбук реклами

Катерина Ѓуровски

Ковачевски вели работел законски, очекува непристрасна постапка од институциите

Катерина Ѓуровски

МВР го објави деталите од кривичната против Ковачевски, Груби и Бајрами

А1он

Не е отфрлена кривичната пријава против Ковачевски, Обвинителство ги проверува наводите

Катерина Ѓуровски

Филипче ја презеде претседателската функција во СДСМ

Ковачевски: Граѓаните одлучуваат дали одиме во ЕУ или се враќаме назад

Катерина Ѓуровски