Русија и Кина ставија вето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која на Сирискиот режим му се закануваат санкции доколку не престане со употребата на тешко оружје против бунтовниците и доколку не ја повлече војската од градовите.
Ова е веќе трето вето на овие две земји на резолуциите на Советот за безбедност чија цел е вршење на притисок врз Сирискиот претседател Башар ал Асад.