Медицинскиот работник С.В.(43) е повреден денеска на ВМА во Белград кога пациентот Р.Ц.(39) го гризнал за рака.
Инцидентот се случил на Одделението за неврологија. Работникот се здобил со полесни повреди, јавува Блиц.
Неодамна се случи уште еден напад на ВМА кога М.Ј. (70) со мобилен телефон нападнал двајца медицински техничари.
По излегувањето од болница против него е поднесена кривична пријава.